Ул. Велко Влаховиќ б.б. 2000, Штип

За нас

Зошто ттг?

Тим од врвни професионалци, спремни да се соочат со секаков предизвик поврзан со вашиот пневматик. ТТГ е компанија со повеќе од 20 години искуство во сферата на пневматиците. Нашата визија е да осигураме дека секое возило ќе ја има сигурноста што ја обезбедува квалитетниот пневматик и професионалната монтажа.

Основана во 1999 година, ние имаме долгогодишна традиција и апсолутна доминација на пазарот на пневматиците во источниот регион. Причината поради која нашите клиенти продолжуваат да се враќаат кај нас е огромниот асортиман на гуми од најпознатите светски брендови, воедно по најконкурентни цени на пазарот, а услугите поврзани со одржувањето и монтажата на пневматиците се дел од нашиот вулканизерски сервис, опремен со најсовремена и најквалитетна опрема од програмата на Beissbarth Германија. Услугите се вршат од врвни професионалци со долгогодишно искуство по неверојатно ниски цени.

Монтажа и балансирање

Центар за гуми ТТГ Пит Стоп врши најстручна монтажа и балансирање на сите видови гуми користејќи најсовремени уреди од германскиот производител Beissbarth

Поправка на гуми

Поправка (лепење) на гуми се врши со материјали и опрема од светски познатиот производител TIPTOP

Полнење со азот

ТТГ Пит Стоп врши полнење со азот, за продолжуваање на векот на траење на пневматиците и подобри перформанси.

Хотел за гуми

На клиентите им нудиме сезонско чување на нивните пневматици, складирани во строго контролирани и соодветни услови.

20 години искуство

Професионална услуга

Конкурентни цени